Ковачевски ја видел снимката од парламентот, ама на неа ништо не се гледало

Без коментар денеска беше премиерот Димитар Ковачевски за појавувањето на снимка на која се слуша глас, за кој опозицијата вели дека е на собранискиот претседател Талат Џафери, а кој со навреди им се обраќа на собраниските службеници. Одговарајќи на новинарско прашање за снимката при денешната посета на Велес, Ковачевски рече дека не може да даде конкретен одговор на забелешките дека поради дрското однесување претседателот Џафери треба да си поднесе оставка.

-Снимката ја видов, меѓутоа се работи за некој разговор од кој не се гледа ниту кој разговара ниту со кого разговара и од таа причина не можам да коментирам дали претседателот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е. Навистина не можам да дадам конкретен одговор бидејќи на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува. Се слуша, но не се гледа кој со кого зборува, рече премиерот Ковачевски.

Снимката на која се гледа говорницата во Собранието, а се слуша глас за кој ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е на претседателот на Собранието, Талат Џафери, партијата ја објави вчера. ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставка од претседателот на Собранието. Од кабинетот на Џафери нема официјално објаснување за она што се слуша на снимката.

Претходна вест89 новозаболени од Ковид – 19, двајца починати
Следна вестДоговорот за платите сега ќе чека вторник