Ковачевски: Левица и Апасиев се најголемата опасност, го држат во заложништво и Мицкоски

Најголемата опасност на нашиот пат кон Европската Унија лежи во една партија, тоа е Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски за време на заедничката прес-конференција со европратеничката Ираче Гарсија Перез. Според премиерот, Левица во заложништво го зеде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зашто „е слаб, без став и без визија“.

На прашањето дали се интензивира процесот на уставните измени и дали има некакви преговори, Ковачевски рече дека се разговарало на одржаната лидерска средба, каде што, како што нагласи, не присуствуваа две политички партии (Беса и Левица).

-Јас веќе одржав средба со сите лидери на политички партии. Таму не дојдоа две политички партии и ќе повторам уште еднаш – најголемата опасност за нашиот пат кон ЕУ лежи во една политичка партија која што има антиевропска, анти-НАТО и анти-интеграциска политика со Западна Европа. Тоа е Левица и нивниот претседател Димитар Апасиев. И тие веќе го имаат во заложништво претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како и самата ВМРО-ДПМНЕ, затоа зашто тој е слаб, без став и без визија. Ние како политичари коишто ја гледаат државата во ЕУ, како граѓани коишто ја гледаат државата во ЕУ заради себе, заради нашите деца, заради идните генерации, не смееме да дозволиме политиката да биде креирана од такви политички пиромани коишто немаат никаква визија за државата, рече премиерот.

Ковачевски додаде дека ако некој решил да се изолира и ако притоа решил да ја изолира и својата политичка партија дека тој нема право да ја изолира цела држава.

 

Претходна вестУправителот на „Беса транс“ не се чувства виновен што автобусот што изгоре во Бугарија 20 пати излегувал од земјава со фалсификувана лиценца
Следна вестТешко повредена жена во сообраќајна несреќа во прилепско