Ковачевски: Македонците во Албанија слободно да се изјаснат на пописот

Македонците во Албанија не треба да чувствуваат притисок и слободно треба да се изразат на претстојниот попис во земјата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. При посетата на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ тој нагласи дека е сигурен дека Албанија ќе спроведе попис по европски стандарди и дека ќе реагира доколку има притисоци и влијаниа врз македонското малцинство.

Премиерот Димитар Ковачевски ќе разговара со неговиот албански колега Еди Рама за проблемите на Македонците во Албанија на престојниот самит на Отворен Балкан во Белград.

Одговарајќи на новинарско прашање Ковачевски рече дека нема сомневање оти Македонците во Албанија ќе можат слободно да ја изјаснат својата етничка припадност на пописот.

-Ние како држава сме секогаш присутни меѓу нив. Врз основа на пописот, секој од нив ќе може слободно да се изрази во Албанија како Македонец, нормално. Секој притисок, доколку таков постои, не треба да подлегнуваат на него, а Албанија знам дека ќе го направи пописот врз основа на сите највисоки стандарди на Европската Унија и на Евростат, сигурно дека ќе спречи било какви притисоци во поглед на било какво влијание врз било кој граѓанин, без разлика на неговата етничка припадност, рече Ковачевски, посочувајќи дека Македонците во Албанија веќе имаат своја партија, пратеник во Парламентот и градоначалник.

Изјавата на Ковачевски и посетата на министерот Бујар Османи на Албанија доаѓа откако Македонци од Албанија обвинија дека Бугарија вршела асимилација на македонското малцинство, меѓу другото и со продажба на бугарски пасоши.

Претходна вестСДСМ: Мицкоски како директор на ЕЛЕМ купувал струја три пати поскапа  
Следна вестСкопското обвинителство истражува како арачиновец испукал куршум кон сопругата