Ковачевски не се предава, бара решение како нему и на другите функционери да им се намали платата

Веќе поодамна македонските функционери си примаат драстично зголемени плати. Веќе поодамна власта ветува дека ќе најде начин да ги смали платите кои отидоа до небо по одлуката на Уставниот суд да се зголемат за дури 78 проценти.

Премиерот Ковачевски не се предава, бара решение да си ја намали својата и платите на другите функционери. Тој сега истакна дека морало сите чинители во општеството да седнат на маса и да се направи решение кое ќе биде уставно издржано.

– Не можете да вратите одлука на Уставен суд. Одлуката на Уставен суд е финална одлука во државата. Со која одлука ќе поништите одлука на Уставен суд? Уставниот суд постои за да биде финален арбитар на она што се случува во законодавството. Затоа велам дека сите чинители во општеството ќе мора да седнат на маса бидејќи само така може да се направи системско решение, изјави денеска Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на монографијата „Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи (1948-2023)“.

Посочи дека од 1.100 избрани и именувани лица, само 42 се од Владата, а 120 се пратеници, 80 градоначалници и над 700 судии и обвинители.

– Висината на платите е регулирана согласно седум закони при што во еден од нив стои дека не може да се намалува плата на суд. Втора работа е што Владата не може да определува плата на пратеници бидејќи пратениците ја бираат Владата и затоа уште пред година ипол кажав дека решението треба да е системско решение во кое ќе се каже која е највисоката плата и потоа да се направи градација. Овде се работи за одлука на Уставниот суд со која се поништи одлуката за замрзнување на платите на избрани и именувани лица, рече Ковачевски.

Кога ќе се најде решението останува непознаница. Познато е само дека јавноста силно негодува и дека пензионерите бараат ако може на функционерите да им летнат платите до небо, мора да може и на нив соодветно да им се зголемат пензиите.

Претходна вестНаправена кацига која може да чита мисли
Следна вестПендаровски откри зошто населението се иселува: Корпуцијата е голем двигател, па социјалната неправда…