Home АКТУЕЛНО Ковачевски: Обединети, храбро и со забрзан чекор да продолжиме по европскиот пат

Ковачевски: Обединети, храбро и со забрзан чекор да продолжиме по европскиот пат

0
Ковачевски: Обединети, храбро и со забрзан чекор да продолжиме по европскиот пат

На денешниот Ден на македонската револуционерна борба гордо ги споменуваме македонските револуционери и нивниот стремеж, истрајност и исклучителна храброст во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност, напиша премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи, по повод празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

– Континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Република Северна Македонија да создадеме европска и напредна држава. Обединети, храбро и со забрзан чекор да продолжиме по европскиот пат и да обезбедиме прогресивна иднина за нашите деца.

Нека е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, додаде премиерот Ковачевски.