Ковачевски во САД го фалел Охридскиот и Преспанскиот договор: Ние сме пример на мека дипломатија…

Долгоочекуваното предавање на премиерот Димитар Ковачевски на познатиот американски Колумбија универзитет конечно се одржа. Ехото од тој настан уште е над хоризонтите. Особено оној дел каде македонскиот премиер им објаснил на студентите како се решаваат билатерални спорови.

– Ние сме пример за регионот, но и за пошироко за тоа како со мека дипломатија но и како со моќта на преговорите и дипломатијата можеме да ги решиме историските но и прашањата кои се поврзани со идентитетот. Ако сакате да најдете место во светот каде се користат дипломатски напори тогаш тоа е Северна Македонија. Сите договори кои ги направивме во државата и со соседите се фунционални и одржливи, истакнал премиерот.

Тој им објаснил на студентите дека значаен аспект во развивањето на овој систем е потпишувањето на Охридскиот рамковен договор кој е успешен концепт на решавање на идентитетските судири.

-Имаме ценет систем на Бадентеровиот принцип на двојното мнозинство. Таквата политика и механизми реално функционираат зашто се втемелени во севкупната национална политика, потенцирал Ковачевски.

Ковачевски ги пофалил и склучувањата на Преспанскиот и Договорот за пријателство со Бугарија.

Со Грција успеавме да најдеме решение за уставното име на државата, истовремено зачувувајќи го идентитетот и јазикот на граѓаните. Ова ни даде можност да станеме полноправна членка на НАТО. Вториот договор со Бугарија всушност повторно беше многу емотивен затоа што обично ги делам преговорите на два големи вида, емотивни и неемотивни. Со грчките преговори не бев директно вклучен но да речеме дека грчката страна преговараше на малку порационално ниво, а ние преговаравме на малку поемотивно ниво. Но, со Бугарите, тоа се преговори кои јас ги водев двете страни имаа емотивен пристап кон преговорите и беше навистина многу потешко да се најде решение. Заедно со помош на Европа, на Франција и Германија земјите кои секогаш биле дел од олеснувањето на овие процеси успеавме да го најдеме вистинското решение за иднината, нагласил Ковачевски, додавајќи дека тие договори се основа за постигнување на стратешките цели.

Која е цената од „успешните“ преговори и кој таа цена ја плати? Колку Македонија доби, а колку изгуби од пофалените договори? Околу ова не е соопштено дека премиерот зборувал на предавањето.

Претходна вестПандев објави крај на кариерата
Следна вестНеколку серии на виршли Wudy итно се повлекуваат од продажба, имале бактерија Листерија