Ковачевски за фабриката за електрични возила: Само во првата фаза се предвидени 900 нови работи места

Целата Влада денеска присуствуваше на поставувањето на камен темелник на првата фабрика за електрични автомобили во Македонија. Според надлежните, германската „e.GO“ компанија во зоната во Тетово ќе гради фабрика, а според најавите, првиот автомобил на струја треба да е  готов во 2024 година. Владата одлучи дека ќе и даде државна помош на компанијата, но нема детали кога е всушност македонската фирма во Тетово која стои зад ова. Новинарите присутни на настанот сакаа да постават прашања, но истите не беа дозволени.

Ивестицијата тежи 130 милиони евра само во првата фаза и планирани се 900 нови вработувања, посочи преиерот Ковачевски во своето обраќање. Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски посочи дека земјава веќе не е на мапата на ефтина работна сила и платите во оваа фабрика ќе бидат над илјада евра.

Инвеститорите најавија дека планот е годишно да се произведуваат по 30 илјади автомобили на струја.

Според надлежните кризите не ги спречиле инвестициите во земјава, а ланската година ја оценија како најуспешна во зоните со раст на бројот на вработени и извозот. Анализите им покажуваат дека годинава може да биде надминат рекордот на извозот од лани, кој само во јули изнесувал 200 милиони евра.

 

Претходна вестТридневна жалост во Црна Гора по масакрот во Цетиње, најмалата жртва имала само 8 години
Следна вестВМРО ДПМНЕ: Власта итно да се зафати со носење протоколи за мајмунски сипаници