Ковачки: Ковачевски знаел дека Зарко Милошевски е потписник на проверката за Онишченко

Премиерот Димитар Ковачевски знаел дека Зарко Милошевски е потписник на проверката за Онишченко, но го поставил на чело на АНБ за да ги покрие сопствените и трагите кои водат до него, изјави на прес-конференција пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Пратеникот порача дека Ковачевски веднаш треба да го разреши Милошевски, во спротивно ќе ја потврди директната поврзаност, односно дека и тој лично е дел од шемата за давањето на Македонско државјанство на Онишченко.

„Зарко Милошевски не треба ниту ден повеќе да биде на чело на АНБ. Во јавноста излезе документ од кој се гледа дека токму Милошевски ја одобрил позитивната проверка за Онишченко, со која се потврдува дека тој не е безбедносен ризик за државата. Доколку Зарко Милошевски како одоговорно лице во АНБ не ја одобрел позитивната проверка, Онишченко немало да добие Македонско државјанство. Онишченко е руски олигарх, тој е на црната листа на САД, а постојат индиции и дека се мешал во изборите во САД и ова не го говориме само ние, ова се работи за кои постојат докази, а и Стево Пендаровски, колку и да сака да се додоворува на СДС, ги призна сите овие факти. Тоа што Милошевски со свој потпис, како одговорно лице во АНБ одобрил Онишченко да добие државјанство не е воопшто наивно, а неговото назначување од страна на Ковачевски, како и тоа што веднаш по назначувањето ја сменил комисијата за одговорност, е јасен показател дека Ковачевски знаел дека Зарко Милошевски е потписникот на проверката, но го поставил за директор со цел истиот да ги покрие сопствените и трагите кои водат до Ковачевски“, изјави Ковачки.

Заклучи дека одговорност мора да има и од Милошевски и од Димовски.

Претходна вестСкопје утрово е 5-ти најзагаден град во светот
Следна вестНа територија на СВР Битола казнети 36 возачи под дејство на алкохол