Ковачки: Сметката за вода покажува дека хациендата со базен е сопственост на Петровска и на нејзиното семејство.

Сметката за вода покажува дека луксузна хациенда со базен во Радишани е во сопственост на Славјанка Петровска и на нејзиното семејство, изјави на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека по евидентен лист од Агенцијата за Катастар на недвижности, од кој јасно се гледа дека таа е прибележана како сопственик на таа хациенда, ова е нов доказ кој потврдува дека Петровска лажеше дека не поседува луксузна хациенда со базен.

-Ова е сметка за вода за хациендата со базен на Петровска. Како лице на кое се води водомерот на тој објект е назначен Љупчо Петровски, татко на Славјанка Петровска. Од оваа сметка се гледа дека семејството Петровски ја користи луксузната хациенда како свое живеалиште или едно од објектите во кој тие престојуваат. Адресата на хациендата со базен на Славјанка Петровска е и адресата која според нашите сознанија е место на живеење по лична карта на министерката. Ако таа тврди дека не е така, нека ја покаже личната карта на увид на јавноста, рече Ковачки.

Тој потсети дека на последните избори гласаше на избирачкото место на кое гласаат жителите на Радишанска од реонот во кој се наоѓа хациендата со базен. Односно, дека е  јасно дека хациендата е живеалиште на Петровска по документи која истите ги има во институциите.

-Нејасно е само зошто крие од јавноста? И дали една од причините е затоа што луксузната хациенда со базен е дивоградба? Петровска да не бега од одговорност. Петровска е фатена во лага и веднаш да си даде оставка од позицијата Министер за одбрана. Личност која крие имот, а во исто време е во посед на дивоградба не смее да извршува таква одговорна функција.Истовремено ги повикуваме институциите да отворат постапка за Петровска. Одговорност мора да има. И политичка и кривична, порача Ковачки.

Претходна вестКакви ли 3 желби ќе му исполни: Фатил златна рипка од 30 килограми
Следна вестАрсовска: Откривме дека голем број на луѓе тука земаат плата а работат во Германија, тоа го прекинавме