Ковид-статистика: 17 починати, 123 нови заразени, дури 3.800 оздравени

Во изминатите 24 часа пријавени се вкупно 17 починати лица, а од 2 598 теста, регистрирани се 123 новозаразени со корона вирус.

Најмногу од починатите 3, се од Куманово (53г, 61г и 82г), по 2 починати лица од Скопје (75г и 78г), Тетово (68г и 85г), Битола (62г и 94г) и Кочани (54г и 71г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Гостивар (72г), Охрид (78г), Струмица (77г), Радовиш (73г) и Виница (61г). Од пријавените 14 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.

Од новите заразени најмногу се од: Скопје – 64, Битола – 9, Куманово – 7, Охрид – 5, Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица – по 4, Тетово – 3, Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово – по 2, Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 3.803 оздравени.

Од Министерството за здравство појаснуваат дека 3.564 лица се пријавени како позитивни во текот на март. Се работи за лица кои не се пријавени досега како оздравени до ИЈЗ, а кај кои се поминати 20 дена од позитивен резултат. Овие лица за време на болеста биле хоспитализирани или немале матичен лекар или се странски државјани па затоа не излегол предлог за оздравување во епидемиолошките служби на ИЈЗ.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројката на оздравени пациенти е 143.069, на починати е 5.168, а бројот на активни случаи изнесува 6 257, од кои 2.650 се од Скопје.

 

Претходна вестИ Грција е против Македонија и Албанија да не бидат во пакет за ЕУ
Следна вестСо втора доза се вакцинирани 25.650 граѓани, пријавени се над 330.500