Ковид-статистика: 193 новозаразени, но дури 34 починати

Триесет и четири лица починаа во изминатите 24 часа како последица од ковид, додека од речиси 1.200 тестирања регистрирани се 193 новозаразени.

Од починатите најмногу – 15 од Скопје (54г, 56г , 60г, 60г, 63г, 63г ,67г, 67г 68г, 69г, 69г, 71г, 76г, 76г и 80г), 5 лица од Прилеп (62г, 64г, 70г, 85г и 87г), по 2 починати лица од Куманово ( 74г и 83г), Битола (59г и 75г), Штип (68г, 77г),Кочани (66г и 81г) и Кичево (66г и 68г), по едно лице од Велес (76г), Охрид (42г), Неготино (58г) и Свети Николе (68г). Сите се починати во болнички услови.

Од новите случаи повеќе од половината се од Скопје – 110, потоа Прилеп – 16, Кавадарци – 15, Куманово – 12, Штип -9, Тетово – 7, Кочани и Кичево – по 4, Велес – 3, Битола, Струга и Дебар – по 2, Охрид, Струмица, Неготино, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 1.014 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 142.034, бројката на оздравени пациенти е 117.794, на починати е 4.262, а бројот на активни случаи изнесува 19.978. Од нив 9.324 се од Скопје.