Ковид во 24 часа: Висока бројка на починати и 316 нови заразени од 1.562 тестирани

Во последните 24 часа, 11 лица ја изгубија битката со ковид во нашата земја, а регистрирани се 316 нови случаи.

Од починатите, најмногу се од Скопје – 4 (76,81г,79г,62г), по 2 пациенти од Прилеп (77г, 66г) и Крушево (55г,76г) и по 1 пациент од Штип (65г), Битола (85г) и Охрид (59г), сите во болнички услови.

Од новорегистрираните, повеќе од половина се во Скопје – 164, потоа во Прилеп – 34, Куманово – 16, Кавадарци и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гостивар – 10, Охрид – 9, Велес – 8, Гевгелија – 7, Штип – 6, Струмица, Струга и Кочани – по 5…

Регистрирани се 681 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863, од кои 4.215 се од Скопје.

Претходна вестМеџити поднесе оставка од координатор во Собранието и го демантира Ахмети дека ДУИ е обединета
Следна вестЗа 8 дена, самопопишани 40 397 нашинци во странство