Крадец се засолнил во училиште во Ново Лисиче, настанала паника

Крадец кој бил бркан од полиција во населбата Ново Лисиче се засолнил во училиштето „Лазо Ангеловски“ и предизвикал огромна паника меѓу учениците и родителите, кои во тој момент ги земале децата од училиште. Настанот се случил вчера попладне во 18 часот и 10 минути.

-Децата биле засолнети во училниците и спортската сала, а потоа наставата била прекината. Немало опасност, немало пукање ниту некаква друга закана, а мерките биле преземени од претпазливост, изјави директорката на училиштето за Сител.

Крадец бегал и се скрил во училиште во Ново Лисиче!

Бегалецот бил уапсен од страна на полицијата.

Претходна вестПукал со пиштол и напаѓал други лица на Бит Пазар, притворен 33-годишен скопјанец
Следна вестСојуз на средношколци: Учениците низ државата се погодени од трагедијата, да се внимава на менталното здравје во училиштата