Крадел по Битола додека бегал од доиздржување на затворската казна

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера вечер го лишиле од слобода И.М.(30) од Кичево.
-Тој бил осуден на казна затвор од 13 години, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување седум години и еден месец од казната. Исто така, тој се сомничи дека околу 12.00 часот на ул.„Маркс и Енгелс“ физички ја нападнал Л.С.(69) од Битола и ѝ одзел накит, се наведува во информацијата.
Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: За леб од 450 грама Владата плаќа 41,4 денари
Следна вестАсоцијација на земјоделците: Се очекува поголемо производство на пченица, за 30.000 тони повеќе од лани