Темно Режим Светло Режим

Крај на европската авантура за Шкендија по тежок пораз од Самсунспор

Крај на европската авантура за Шкендија по тежок пораз од Самсунспор Крај на европската авантура за Шкендија по тежок пораз од Самсунспор

Европскиот настап на Шкендија заврши во Турција, откако тетовскиот тим претрпе убедлив пораз од 4-0 на гостувањето кај Самсунспор. По минималниот пораз од 1-0 на првиот натпревар во Скопје, задачата за пласман понатаму беше значително отежната, а турскиот претставник и во реваншот ја оправда фаворитската улога.

Шкендија во првото полувреме успеа да ја задржи резултатската неизвесност и солидно да се спротивстави, но пресвртот на натпреварот се случи веднаш по паузата. Нтчам реализираше пенал и го отвори резултатот, носејќи водство за домаќините.

Со текот на натпреварот Самсунспор ја зголемуваше доминацијата, а дваесетина минути пред крајот Ндиаје го удвои водството. Во финишот Мариус постигна уште два погодоци и ги постави конечните 4-0, со што турскиот тим сигурно го завери пласманот во следната фаза.

Претходниот Пост
Затворена обиколницата околу Битола поради одрон

Затворена обиколницата околу Битола поради одрон

Следниот Пост
Пешачењето како природен лек за стрес, лошо расположение и несоница

Пешачењето како природен лек за стрес, лошо расположение и несоница