„Кралеви од улиците“ една поинаква затворска приказна

Една поинаква затворска приказна излезе деновиве, поразлична од секојдневните црни билтени, овој пат напишана од вработен „зад решетките“. Имено станува збор за романот „Кралеви од улиците“ напишан во 100 страни за затворските приказни и проблематики.

Приказната во него, како што е претставен, изобилува со дрога, маалски живот, со емоционални односи, затвор и затворенички живот, погрешни размислувања, и сите оние глупости во кои може да западне младиот човек. Преку дејствијата на главниот лик романот ги доловува вредностите во животот и истите ги преиспитува, а приказните во него се приземјени и сведени на реалниот живот.

Инаку романот се состои од три дела: првиот е запознавање со ликовите и нивниот начин на живот, вториот навлегува подлабоко во приказната и на некој начин е кулминација на дејствијата, додека третиот го опишува животот во затворите и ја појаснува кулминацијата од вториот дел. Иако навидум малечка книга, во неа има илјадници приказни кои го покажуваат начинот на кој живее младиот човек во отсуство на правила и закони.