Кренати илјада кубни метри отпад од диви депонии, ќе никнат ли пак?

Дивите депонии го поклопуваат Скопје. Надлежните некогаш се анемични, а некогаш си ја вршат работата… Денеска е ова второво: од четирите скопски општини – Аеродром, Чаир, Бутел и Шуто Оризари се кренати илјада кубни метри најразличен отпад и градежен шут од страна на ЈП „Комунална хигиена“.

Дивите депонии во општина Аеродорм била на улица „Лисец“ во населбата Лисиче, во Чаир на булеварот „Македонско-Косовска бригада“, во Бутел покрај булеварот „Х.Т.Карпош“ и во општина Шуто Оризари на патот кон Визбегово.

-И во наредниве денови ќе продолжиме со расчистувањето на дивите депонии и во сите останати скопски општини, најавија од комуналното претпријатие.

Ќе има ли и поголеми контроли? Главниот проблем во Скопје е што неодговорните скопјани за кратко време ги пополнуваат исчистените диви депонии со нов отпад.