Криел во камион 43 мигранти, пробал да побегне од полицијата

Вчера на регионалниот пат Свети Николе – Куманово, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Mерцедес“, но возилото не застанало.

По кусо време возилото сопрело и возачот почнал да бега, но веднаш бил фатен од полициските службеници.

Станува збор за М.Ј.(28) од Штип, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, затоа што при преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти, меѓу кои имало и деца, и тоа од Сирија, Пакистан и Авганистан.

За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се сместени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, а против М.Ј ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПриведен тинејџерот што се фалеше на „Тик-Ток“ дека потпалува шуми
Следна вестВМРО-ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставен суд за дадениот мандат на Заев