Кривичен совет пресече: Нема притвор за напаѓачите на полицаецот во Марино

Двајцата напаѓачи, осомничени дека го прободеа со нож 27-годишниот полицаец пред речиси еден месец во дискотека во скопското село Марино, нема да добијат мерка притвор, така одлучи Кривичниот совет, односно ја отфрли жалбата на обвинителството за притвор на двајцата. Двајцата се синови на екс-градоначалникот на Петровец.
Инаку, им се одземени пасошите, не смеат да го напуштат Скопје, не смеат да му се приближуват на прободениот полицаец и треба еднаш неделно да се јавуваат во суд.
Полицаецот беше прободен со нож во угостителски објект на 23-ти март во скопско Марино. Тој 11 дена по нападот помина во болница борејќи се за живот, остана без еден бубрег и слезина, но за среќа сега неговата здравствена состојба се подобрува.