Одговорот зошто се пролонгира случајот со автобуската несреќа кај Ласкарци треба да се бара кај Бирото за судски вештачења коешто не ни го доставува супервештачењето соопшти денеска Кривичен суд Скопје. Овој суд реагира на медиумски изјави на дел од оштетените во предметот со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај Ласкарци.
Судот наведува дека го рабира револтот на оштетените но сака да ја информриа јавноста дека овој предмет на 21.12.2021 година е испратен на супервештачење во Бирото за судски вештачења, како надлежен орган кој треба да состави тим од вешти лица за изготвување на наодот. Претходно, Техничкиот факултет во Битола одби да го изработи супервештачењето заради немање доволно вештаци.
Кривичен суд наведува дека Бирото за судски вештачења има побарано дозвола за увид во возилото, за да може да го финализираат наодот, која дозвола судот веднаш по добиеното барање, на 07.10.2022 година, им ја има издадено. Во меѓувреме, судот насрочи неколку термини за продолжување на расправата заради добиено ветување од Бирото дека привршуваат со вештиот наод. За потоа Бирото да побара нова дозвола за увид, која на 10.11.2022 година им е издадена за повторно да вршат увидот на 29 – ти ноември.
-Судот, со оглед да сеуште не го добил супервештачењето, за секоја презакажана расправа ги известува странките, но и оштетените преку нивните полномошници, дека предметот заедно со вештиот наод, сеуште не се вратени и судот нема Законски услови да продолжи со судењето. Јавноста, но и оштетните во случајот, треба да знаат дека судот до овој момент има доставено 9 ургенции до Бирото за судски вештачење за навремено изработување на супервештачењето, кое е неопходно за да се завшри доказната постапка, да се изведат завршните зборови и да се донесе пресуда, се наведува во соопштението на Судот.
За сите ургенции, но и за одолговлекувањето од цела една година, судот го има известено и Судскиот совет на РСМ, а на неодамнешниот промотивен настан во судот, за случајот беше запознаен и свој став даде и Министерот за правда.
-Заради сето тоа, оштетените треба да знаат дека судот заради сензибилноста на случајот ја водеше постапката со забрзано темпо и покрај ограничувањата од Ковид мерките. Медиумите и невладините оргнизации беа присутни на секоја расправа и е одговорено на сите барања од странките. Но, во овој момент судот, исто како и оштетените и другите странки во постапката, веќе цела година е во исчекување на наодот од Бирото за супер вештачења, па заради тоа ги упатуваме оштетените, одговор да побараат и самото Биро со оглед да на нашите ургнеции, а и целиот медиумски интерес за предметот, не влијаат за побрзо завршување на постапката, потенцираат од Судот.