Кривична пријава против четири лица од Битола поради обид за кражба

На 09.05.2023 од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесена е кривична пријава против Н.М.(18), К.М.(23), З.М.(22) и малолетник, сите од Битола, поради основи на сомнение дека на 02.05.2023 се обиделе да извршат тешка кражба во фирма во  Радобор, битолско. Во извршениот службен разговор во СВР Битола, пријавените го  признале во целост кривичното дело.

Претходна вестПриведена мајка, осомничена дека ги тепала двете малолетни деца
Следна вестПукање во Визбегово попладнево, едно лице повредено