Кривична пријава до надлежното ОЈО – Скопје поднесе полицијата против скопјанец во чиј автомобил вчера беше пронаједена дрога.
Полицијата соопшти дека на 13.11.2020 околу 17 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во скопската населба Влае сопреа возило „Субару форестер“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Д.Б. (38) од Скопје и при извршен преглед во возилото било пронајдено пакување со синтетичка дрога амфетамин.
-При дополнителен преглед со употреба на службено куче за детектирање на дроги, во внатрешноста на шал таблата од возилото, во специјално направен бункер биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и амфетамин, наменети за натамошна продажба. Против Д.Б. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје, инфорамира МВР.