Кривична пријава за родителите на 16-месечното бебе од Струга

Родителите на 16-месечното бебе од Струга, кое беше донесено во болница со тешки повреди, добија кривични пријави.

Според информациите, А.М.(25) и неговата вонбрачна сопруга А.И.(21), двајцата од Струга, сториле кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

На 12.02.2023 околу 11.00 часот во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга, а по преземени мерки констатирано е дека детето се здобило со повреди во домот на пријавените, откако врз него паднал дел од мебел.

Претходна вестДиви копачи вршеле нелегален ископ на земјиште со украден багер
Следна вестОпштина Кисела Вода денес чистеше депонија во Расадник