Кривична против 28-годишник од Дебар за плаќање со туѓа картичка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против С.Џ., на возраст од 28 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што се појаснува во соопштението, пронашол платежна картичка на лице од Дебар и во три наврати ја искористил за наплата на бензинска пумпа и на други услуги.

Претходна вестАлександар Јончевски го презеде Башкими
Следна вестОтворена истрага за хирургот, кој двапати го оперираше папата Франциск