Кубик вода во Скопје може да чини од 31,5 до 34,8 денари, ќе реши Градскиот Совет

Новата цена на еден кубик вода за пиење во Скопје може да чини од 31,53 па до 34,82 денари, а конечната одлука ќе донесе Градскио Совет, изјави на денешната прес-конференција Марко Беслимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетиката и водни услуги. Тој објасни дека РКЕ го утврдила предлогот со кој може да се случи минимално намалување на цената со оглед на тоа што постоечката цена за кубик вода во главниот град изнесува 32,87 денари.

-Со нашата одлука минималната тарифа предлагаме да изнесува 31,53 денари, тоа е минимално намалување, што се должи на фактот дека помошта која ќе се дава со пониска цена на електрична енергија ќе продолжи и следниот период. Додека максималната тарифа изнесува 34,82 денари, повисока за девет проценти од постоечката. Тоа би значело дека ако се прифати највисоката тарифа, би имало зголемување од 29,5 денари на месечно ниво. Сметам дека 30 денари на месечно ниво не претставува никаков проблем за граѓаните, укажа Бислимовски.

Тој појасни дека тарифите ќе бидат доставени до Водовод Скопје, и тие имаат право во рангот на минималната и максималната да формира цена и да ја достави на одобрување во советот на Град Скопје.

Дополни дека сега се во тек и постапки за други водни тарифи и тоа за водовод Охрид, Кочани, за Ресен и за Дебар.

– Најголем проблем за сите комунални претпријатија е трошокот за електрична енергија. Некогаш било 50-60 евра за мегаватчас, сега е 95 евра, доколку беа на слободен пазар каде цената е релаксирана околу 150 евра за мегаватачас, така што тука се најголемите нивни проблеми. Ние го разбираме нивниот проблем, но ако донесеме одлука со која би ги зголемиле цените многу, тоа би водело кон намалување на процентот на наплата на сметките. Кога зборуваме за зголемување, мислиме на 10, 20 или 30 денари на месечно ниво, посочи Бислимовски.

Воедно посочи дека на државно ниво се има сериозен проблем со загубите, бидејќи дури 64 проценти од набавената вода се губи.

Претходна вестЗатвореник додека бил во бегство од затвор ограбил 6 цркви
Следна вест60 минути дневно за помлади од 18 години, Тик Ток со голема промена