Кулминација на физичките пресметки викендов

Физичките пресметки не беа рекордно регистрирани за само едно деноноќие во саботата, ами кулминираа со нови и во неделата. Во една таква има и уапсено момче.
Имено, во еден по полноќ саботата кон неделата, во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Петар Ацев“, имало тепачка. Според пријавеното, И.К.(19) од Скопје со уште две непознати лица физички ги нападнале В.Д.(18) од Скопје и уште едно лице на возраст од 17 години. И.К. бил приведен и завршил во станица.
А само предходното деноноќие МВР запиша во тефтерот дека регистрирала 6 сериозни физички напади, но прашањето е уште колку се случиле а не се пријавени.
Во полициската станица во Центар некаде по полноќ, петокот кон саботата, било пријавено дека пред угостителски објект на ул. „Метрополит Теодосиј Гологанов“ Ѓ.Д. (33) од Скопје физички го нападнал Н.Д. (30) од Скопје. Во истата полициска станица пријавил и Г.Ѓ. (36) од Скопје, кој раскажал дека околу 2.45 часот по полноќ во ноќен клуб на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ бил физички нападнат од неколку лица.
Претходен ден попладне, во станицата во Гази Баба, С.Е. (26) од Скопје им раскажал на полицајците дека на ул.„Зендел Џемаил“ тој и неговиот роднина Ф.С.(18) од Скопје биле физички нападнати од непознати лица.
Во Ѓорче Петров пак, Ј.А.(19) и М.З. (22), двајцата од Скопје, нешто пред полноќ во саботата пријавиле дека истиот ден околу 23.00 часот на ул.„4-ти јули“ биле физички нападнати од Д.К., Е.Л. и Е.С..
И малолетничките пресметки се секојдневни. Во петокот бил нападнат и 16-годишниот Х.Р. од Визбегово од три лица, додека претходниот ден во 23 часот во СВР Скопје, Г.Д.(49) од Скопје пријавил дека на патот Стенковец-Скопје, бил физички нападнат од три лица од Скопје, кои ги познавал.