Кумановец фатен како превезува мигранти од Турција

Лишен од слобода е 45-годишен жител на Куманово од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север.

-Вчера околу 10.30 часот на локален пат од с.Сопот кон с.Сушево бил извршен преглед на возилото „шевролет авео“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал М.Ј., при што биле пронајдени две лица мигранти од Република Турција, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

 

Претходна вест21 јуни, петок пред Духовден, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Следна вестКултурата на облекување на етничките заедници во Македонија на изложба во „Мала станица“