Возилото „голф 4“ со кумановски регистерски таблички околу пладне е забележано во надојдените води на Вардар кај мостот на патот од село Желино кон Тетово при што не се знае судбината на патниците. Ова денеска го соопшти Центарот за урпавување со кризи чиј оператор добил итен повик денеска во 12.05 часот. Добиена е пријава од Соообраќајна полиција од Тетово во која се наведува дека возилото движејки се по овој патен правец паднало во речното корито на река Вардар.
ЦУК соопшти дека поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало.
-Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС. МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес, се наведува во соопштението.
ЦУК е информиран дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито.
-При првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе-патници. Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага, се наведува во информацијата до јавноста.