Купил телефон со фалсификувани 430 евра, измамена 58-годишна жена

Дваесет и деветгодишен маж купил мобилен телефон од 58-годишна жена со фалсификувани 430 евра. Против него е поднесена кривична пријава.

Поднесена е кривична пријава против М.И.(29) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување пари“ и „измама“. На 20.05.2021 во Скопје, пријавениот се сретнал со 58-годишна жена и по претходен договор од неа купил мобилен телефон за 430 евра. Притоа, тој и дал четири банкноти од по 100 евра и една банкнота од 2000 денари. Таа ги однела банкнотите да ги провери во менувачница, каде што и било кажано дека девизите се фалсификат.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Од тоа што се многу прозападни, Владата планира продажба на МЕПСО на кинезите
Следна вестНе запираат протестите на пензионерите, блокиран излезот на Неготино откај Гевгелија