Кузеска: Егзотични патувања и луксузни часовници, Мицкоски ги одобрува скандалите на градоначалниците од ДПМНЕ?

Градоначалниците на ДПМНЕ ги тресат серија скандали. За 2 години локална власт градоначалниците на ДПМНЕ имаат НУЛА резултати но еден куп скандали. Последен е скандалот со егзотичното патување на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, од ДПМНЕ, рече на денешната прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Додека Охрид тоне секој ден, Пецаков плови на егзотично крстарење заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет. Нема одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков? Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски, јавноста го забележа на фотографија како носи луксузен часовник од околу 8.000 евра. Нема одговор од каде му се илјадници евра на Ѓорѓиевски за толку луксузен саат? Општина Штип пак со ДПМНЕ ја тресе афера на кумско-семејна врска за тендер вреден 20.000 евра. До денеска за сите овие скандали директно поврзани со градоначалалниците на ДПМНЕ молк од ДПМНЕ, молк од Мицкоски, рече Кузеска.

Според неа, молкот значи одобрување од страна на Мицкоски, а во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија којашто 11 години исто вака скандалозно се однесуваше.

Претходна вестБитолчанка се отрула од плин во сопствената бања
Следна вестМузичари од Финска, Германија и Мексико ја негуваат македонската етно-музика