Квартетот „Strings Liona & Serena“ вечерва на репертоарот на „Скопско лето“

Четиричлениот состав „Strings Liona & Serena“ од Шпанија вечерва одржува концерт во рамките на „Скопско лето“, на платото пред Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија.
(Квартетот во состав глас, виолончело, виолина и гитара настапува со репертоар базиран на традиционални еврејско-шпански песни, вклучувајќи и латинска музика, сефардска итн. Сефардската музика е компилација на музика од различни генерации низ целата хебрејска историја. Овој концерт ја испреплетува музичката суштина на средновековна Шпанија (Кастиља, Арагон и Андалузија) со остатокот од светот, преку патеки создадени од хебрејските номади.
Концертот почнува во 20.30 а во случај на невреме, ќе биде префрлен внатре во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија.