„Лајка“ од денеска заловува кучиња во Аеродром

ЈП „Лајка“ од денеска ќе почне да заловува бездомни кучиња во Скопје, а прва општина од каде ќе почне решавањето на процесот е Аеродром.

Со заловување на бездомни кучиња коиштои  немаат поминато хуман третман почнува денеска градското јавно претпријатие „Лајка“

– Од понеделник, 6.март. 2023 г. заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ ќе започне со стратешко заловување по општини. Имено, нашиот тим на заловувачи следната недела (6-10. март) ќе заловува во општина Аеродром и тоа во следните реони: Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов и Населба Лисиче. Втората недела од стратешкото заловување (13-17.март) нашиот тим ќе заловува во населбите Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово, информира „Лајка“.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka. Com.mk

По третманот во „Лајка“ бездомните кучиња ќе бидат репродуктивно неспособни, а ќе се и вакцинираат. Додека трае третманот, кучињата ќе бидат објавени за вдомување. Проценка е дека 75 отсто од кучињата во Скопје кои талкаат, треба да бидат кастрирани и стерлизирани.

Инаку, продолжуваат пријавите на инциденти од кучиња. Звачера, тројца граѓани, од Бит Пазар, Аеродром и Карпош пријавиле каснување од куче.

Претходна вестТргнува враќањето на приватните превозници во јавниот градски превоз
Следна вестОбединета македонска дијаспора: Грчките власти да ги осудат членовите на групата што го нападнале архимандритот Царкњас