„Лајка“: Рекорден број на стерилизирани кучиња во октомври – 134

Во текот на октомври беа стерилизирани и кастрирани рекордни 134 кучиња, од кои 82 женки и 52 мажјаци, а беа вдомени 37 кучиња, соопшти денеска градското претпријатие „Лајка“.

-Со овие спроведени кастрации и стерилизации сме превенирале разможување на 134 кучиња, односно на 134 здрави репродуктивни единки. Со тоа се намалува стапката на бездомни кучиња на улиците, ЈП „Лајка“ продолжува да работи во служба на граѓаните, објави претпријатието.

Ги охрабруваат граѓаните да пријават бездомно куче за стерилизација/кастрација во ЈП Лајка, на меил [email protected] или на нивните телефонски бреови 02/2 56 58 59 и 071/219-925.

Претходна вестПресадено човечко око првпат во историјата
Следна вестПронајдена жена почината во својот дом