Ламбе Алабаковски во осумдневен притвор

Осумдневен притвор на Ламбе Алабаковски му изрече судијата на претходна постапка откако тоа го побара Основното јавно обвинителство – Битола.

Во соопштението на ОЈО – Битола се наведува дека е поведена постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

-Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил, се наведува во информацијата.

Се додава и тоа дека од причина што постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Медиумите вчера информираа дека станува збор за познатиот пејач Ламбе Алабакоски, а чиешто проведување презивика бројни реакции во јавноста. За денеска е најавен и протест во Битола за да му се искаже поддршка на Алабаковски.