Темен режим Режим на светлина

Лавров: Ако ни воведат нови санкции Русија е подготвена на прекин на односите со ЕУ

Односите меѓу ЕУ и Русија се вжештуваат. Од Брисел често се најавуваат нови санкции кон Москва, на што реагира рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

-Русија е подготвена на прекин на односите со Европската Унија, истакна Лавров.

До прекин на односите со ЕУ би можело да дојде доколку Брисел воведе санкции ризични за чувствителните сфери на економијата, наведе Лавров.

-Нашата почетна точка е дека сме подготвени за тој чекор во случај да забележиме, како што можевме да видиме во неколку наврати претходно, дека се подготвуваат санкции што ќе создадат ризик за нашата економија, посочи искусниот руски дипломат.

Лавров изјави дека Русија не сака да се изолира, но дека е потребно да биде подготвена за најлошото можно сценарио. Како што рече: „Ако сакате мир, подгответе се за војна“.

Инаку, претходно, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џозеп Борел, по посетата на Москва, изјави дека ЕУ и Русија се наоѓаат во историска пресвртница по прашањето за меѓусебните односи.

Борел тогаш откри дека во одредени моменти имал многу напнати разговори со рускиот шеф на дипломатијата и оцени дека состанокот и некои пораки од руски официјални лица покажале дека Европа и Русија се оддалечуваат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

„Левица“: Дијабетичари ставени во проблеми поради неспособностa на министерството за здравство

Следна објава

Мицкоски: Наместо да ја забранат корупцијата тие го забрануваат терминот „Македонија“