Лавров: Има разговори за нуклеарна војна, но тоа не го прави Русија, туку НАТО и Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната прес-конференција на која присуствуваат и странски новинари, меѓудругото рече дека разговарал за можноста за нуклеарна војна.

-Но тоа не го прави Русија, туку НАТО и Украина, рече Лавров, пренесува Макфакс.

Тој нагласи дека нивната цел е да се ослободат од нацистите во Украина.

-Сигурен сум дека нашите партнери од Запад ќе се смират и ќе бараат решение преку дијалог. Западот не треба да одлучува за нашата безбедност. Западот се обидува да наметне сопствена слика за иднината на Европа, рече Лавров и додаде дека преговорите меѓу украинските и руските сили ќе се одржат денеска.

Тој воедно укажа дека САД им диктираат на Германците што е добро за европската енергетска безбедност.

-Велат дека не им треба гасоводот Северен тек 2 и тврдат дека Америка ќе обезбеди енергетска безбедност, која е неколкукратно поскапа, рече Лавров.

Претходна вестMилановиќ: Во ред е да се бара членство на Украина во ЕУ, но пред тоа мора да почнат преговорите со Македонија и Албанија
Следна вестИсторичарите од Балканот: Историјата да не се злоупотребува за агресија на Украина