Лавров: Ситуацијата на Косово е алармантна, ќе се случи експлозија во центарот на Европа

Ситуацијата околу последната ескалација на конфликтот меѓу Србија и Косово е алармантна, а се чини дека ќе се случи „голема експлозија“ во центарот на Европа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој оцени дека кога се зборува за Европа, потребно е да се обезбеди „еднаква и неделива“ безбедност за сите земји, што би значело дека ниту еден блок, па, како што рече, дури ни НАТО, нема право да бара доминација во тој дел од светот.

– Голема експлозија се подготвува во центарот на Европа. Токму на местото каде што во 1999 година, НАТО изврши агресија врз Југославија, кршејќи ги сите замисливи принципи на завршниот акт на Хелсинки и документите на ОБСЕ, кои уште еднаш нагласуваат дека ова што денес се случува во светот е од геополитичка природа и дека е потребно геополитичко решение, рече Лавров.

Во петокот косовската полиција упадна во зградите на четири општини на северот на Косово – Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, користејќи солзавец, димни и шок бомби против Србите кои се обидоа да ги спречат да влезат во општинските простории.

 

Претходна вестЗдравствен дом – Скопје ќе вработи 40 лекари, специјалисти, дефектолози, логопеди, психолози…
Следна вестСудски совет: Тврдењата на холандскиот амбасадор Коп се неосновани