Лазаров го разигра Нант, французите му го зедоа скалпот на Веспрем

Ракометарите на Нант одиграа сјаен натпревар во четвртфиналето против Веспрем (32:28) а еден од најдобрите поединци во францускиот состав беше нашиот селектор и капитен Кирил Лазаров со 4 постигнати гола.

Лазаров постигна четири погодоци од девет обиди а три гола му беа во првиот дел.

На останатите дуели, Кил со 31-29 го совлада ПСЖ кој на реваншот ќе треба да надомести 2 гола негатива. Барселона на гости го доби Мешков Брест 29-33, Алборг убедливо го победи Фленсбург 26-21.

Претходна вестФилипче: Рано е уште за неносење на маски на отворен простор
Следна вестСмртните случаи половина од дневниот број на заразени: Ќе почне ли да паѓа бројот на ковид-жртвите?