Лажна дојава за поставена бомба во училиште во Охрид

Утрово на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа, но по направените потребни проверки утврдено е дека станува збор за лажна дојава, информира МВР.

– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа, се посочува во соопштението.

Од МВР наведуваат дека веднаш по добиената пријава полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.