Лажна е дојавата за бомба во објект на Пошта

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека дојавата за поставена експлозивна направа во објект на Пошта е лажна.

– Направени се сите потребни проверки во врска со денешната пријава од објект на Пошта на Македонија во Скопје по добиена порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

Претходна вестОтворена новата градинка во Усје, ќе згрижува 100-тина деца
Следна вестАвганистански генерал и снајперист уапсени во Србија