Лажни дојави за бомби попладнево во девет училишта во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од девет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Претходна вестШтипјанец крадел во цркви во Битола, Прилеп и Крушево
Следна вестМинистерката Тренчевска на предновогодишна дружба со децата од градинката „Димче Мирчев“ – Велес