ЛДП го предложи Пенов за нов министер за локална самоуправа

Прифатен е предлогот Ристо Пенов да биде избран и именуван за иден министер за локална самоуправа, соопшти денеска Либерал-демократската партија. Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница го прифати предлогот на Извршниот одбор за започнување со подготовки за одржување на редовното Собрание на партијата.

ЛДП соопшти дека била разгледана и оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, по што бил прифатен и предлогот Ристо Пенов да биде избран и именуван за иден министер на оваа позиција во Владата.

-Централниот одбор се заблагодари на досегашниот негов ангажман, на успешното менаџирање со министерството и на придонесот за регионалниот развој на државата, се наведува во соопштението до јавноста.

Како што додаваат од партијата согласно Статутот на ЛДП се формира организационен одбор во чиј состав се изгласани Боби Мојсоски, Димитар Ванчов, Билјана Аврамоска – Ѓореска, Дејанчо Цветановски, Валентин Груевски и Ивица Тодоровски. До Конгресот ќе се одржат уште две седници на ЦО со цел подготовка на истиот, а на следниот состанок на ЦО кој се очекува да се одржи следната недела ќе бидат разгледани и предлог датуми за одржување на Конгресот.

Претходна вестТриумф на кенијците Киплагат и Черотич на Скопскиот маратон
Следна вестПриведени момче и девојка разбојници, со нож нападнале момче кај МРТ