„Лебедово езеро“ блеска на сцената на МОБ

Балетот „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајковски, вечерва со почеток во 20 часот, ќе блесне на сцената на Македонската опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска, кореограф Виктор Јаременко (Украина).
Во главните улоги, публиката ќе ги види Одета, Одилија: Марија Кичевска-Шокаровска, Принц Зигфрид: Васил Чичијашвили, Ротбарт: Давиде Буфоне (Италија).