Лекари пријавиле два смртни случаи по примена вакцина – МАЛМЕД испитува дали има поврзаност

До Агенцијата за лекови МАЛМЕД се пристигнати две пријави во април и во септември од страна на лекари, за 85-годишник и за 53-годишник, за сомнежи за смрт по примена вакцина против ковид, но сè уште не е докажана поврзаност со употребата на вакцините, истакна раководителката на сектор во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Мерјем Хаџихамза на денешната онлајн средба со новинарите на која учествуваше и в.д. директорот на МАЛМЕД, Љирим Шабани.

Таа појасни дека пријавите освен во Центарот за мониторинг Упсала во Шведска, испратени се и во Институтот за јавно здравје, каде што се прави таа натамошна обработка.

-Постојат голем број параметри што треба да се испитуваат, какво било медицинското досие на пациентот, претходно од што боледувал, какви лекарства примал. За еден од пациентите гледав дека имал многу коморбидитети и лично се сомневам дека има поврзаност со употребата на вакцината, но ова е нерелевантно затоа што тоа треба да го кажат луѓето кои за тоа имаат компетенции,истакна Хаџихамза.

Во врска со пријавување несакани реакции од вакцините, Шабани рече дека за вакцините од лекари досега добиле 133 пријави, од фармацевти – 88, а од други здравствени работници – 10, кои се во рамки на предвидливите кои се наведени во нивното упатство, без оглед дали се работи за главоболка, гадење, вртоглавица, болка во екстремитети, рамо, на местото на апликација.

Претходна вестТранспорт проверува дали двајца од возачите на „Беса Транс“ биле вработени во ЈСП кои зеле денови од одмор
Следна вестПротест кај Холидеј Ин: Се бунеа против Скопје 2014, го направија Скопје 2021