Леванте го продава Барди ?

Дел од шпанските медиуми најавија дека македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди и Хосе Кампања ќе бидат продадени зимава од Леванте , за да се заработат пари и да се покрите десет милионската загуба.

Леванте има две опции, да успее да заработи некој милион евра од македонскиот репрезентативец или оваа да го загуби бесплатно, а засега нема најави дека може да има продолжување на соработката, особено нема да има ако овој клуб на крајот на сезоната се пресели во Сегунда.

Во изминативе години за Барди имаше интерес од низа клубови, но тогаш немаше конкретни понуда до управата на овој тим.