Левица: Бектеши и останатите од власта имаат арогантен и понижувачки однос кон новинарите

Од политичката партија Левица обвинија дека односот на власта кон медиумите е тоталитарен. Како доказ за тоа ја наведуваат вчерашната прес-конференција на Министерот за економија Крешник Бектеши, на која тој ги омаловажувал новинарите.

– Министерот за економија Крешник Бектеши, на вчерашната прес-конференција, по поставено прашање од новинарите, со несоодветен и дрзок коментар ги омаловажи. Откако новинарите изреагираа и му посочија на Бектеши дека изнесува дрски и безобразни коментари кон нив, тој наместо извинување и соодветен одговор на прашањето, продолжи со дрското однесување, коментирајќи дека тие не се повикани да даваат коментари и да поставуваат прашања.

Тука за жал не станува збор за изолиран случај, туку за негативен тренд на однесување кон новинари од страна на владејачката гарнитура предводена од ДУИ и СДС што бележи пораст, а ова е дури четврт негативен испад на овие политичари. Своето дрско однесување кон новинарите во изминатиот период го покажаа премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и вчерашниот случај во Министерството за образование и наука (МОН), од советникот на министерот Јетон Шаќири, се вели во партиското соопштение на Левица.

Според Левица овој како што велат арогантен и понижувачки однос на Бектеши и останатите државни функционери од власта, на чело со премиерот Ковачевски кон новинарите го отсликува тоталитарното владење на хибридниот режим.

 

Претходна вестАнтикорупционерите покрена кривично гонење на чаирскиот градоначалник Висар Ганиу
Следна вестНајавата на министерот за здравство не ги задоволи пациентите со цистична фиброза, утре ќе протестираат пред Владата