Левица формира Aнтифашистички фронт на жените

На денешната редовна седница на Президиумот на Левица, беше усвоена Одлука за формирање на ново партиско тело – Антифашистички фронт на жените, информираат од Левица.

Борбата за еманципација на жената, како и трудот на жената во домот и општеството, како што велат, создава подобар свет – рамноправен, праведен и слободен.

– Традицијата на борбата за правата на жените, како изворно вкорената во интернационалното социјалистичко движење, неминовно е поврзана со борбата против капитализмот – класната борба и борбата за ослободување на жената се битки кои мора да се водат паралелно.

Нашата организација на жени, како Антифашистички Фронт на Жените – АФЖ, ќе има за цел да го ослободи женското движење од неговата сегашна испреплетеност со неолиберализмот.

Оттука, нашите активности ќе бидат насочени кон актуелизирање на феминистичките идеи, кои некогаш беа дел од еден радикален светоглед; идеи и активности кои ќе ја приоретизираат социјалната солидарност наспроти претприемаштвото; валоризација на грижата за заедницата и меѓузависноста наспроти индивидуалниот напредок – организирање на жените, не како слуги на неолиберализмот, туку како негови најжестоки противници, истакнуваат од оваа партија.

Претходна вестСпасовски: Секој што се занимава со криминал ќе сноси одговорност за тоа
Следна вестТетовец илегално приредувал игри на среќа