Левица го блокираше покачувањето на платите на судиите: Со 4 проценти доверба ни овие плати не ги заслужувате

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, пред отпочнувањето на денешната 54 седница поднесоа вкупно 2.400 амандмани на Предлог-законите за изменување на Законот за плати на судии и на Законот за плати на членовите на Судскиот совет на РМ, кои беа предложени од Владата, т.е. Министерсвото за правда, по скратена постапка. Од партијата наведуваат дека со доверба од 4 проценти на судството, судиите не ги заслужуваат ни овие плати.

– Сметаме дека со огромната и ноторна недоверба на граѓаните кон корумпираниот судски систем, со престорување на правосудството во фамилијарна професија заробена во стегите на непотизмот, класните привилегии и кронизмот – платите на судиите се најмалиот проблем во реформата на судскиот систем, која треба да биде радикална.

Стоиме на ставот дека сè додека не се воведат суштински реформи во правосудството, кое ќе ги опфати проблемите кои се наталожени (на пример: трајниот мандат на судиите, нивната неодговорност за штета нанесена на странките, контоверзниот начин на избор во Академијата за судии и јавни обвинители, системот на кариерен развој во повисоки судови и сл, истакнуваат од политичката партија Левица.

Од партијата велат дека нема да дозволат зголемување на бенефициите на оваа како што ја нарекуваат лесно расиплива сорта на луѓе, кои се приврзоци на секој неправеден систем.

Претходна вестПорака по повод Светскиот ден на детските театри: Должни сме да го однесеме театарот до секое дете, во секој град и село
Следна вестАрхитектонска изложба во МКЦ – Скопје: нови индустрии на стари локации