„Левица“ поднесе над 2.500 амандмани за да го блокира изборот на новиот заменик-директор на царината од ЗНАМ

Пратеничката група на Левица поднесе над 2.500 амандмани на контроверзниот Закон за царинска управа, со кој се предвидува освен директорот и заменикот, да има дополнителен втор заменик, сѐ со цел да се поделат функциите помеѓу сите владејачки партнери.

-Скандалозно и вон сите етички норми, е тоа што мнозинството измислува функции за кадрите на ЗНАМ, со што се нарушува работата на царинската управа и се удира директно по парите на граѓаните. Клептоманската коалиција во овие први 100 дена од нивното владеење покажа слух само за зголемувањето на привилегиите на своите функционери. Затоа сега имаме ред нови министерства и позиции кои ќе служат за канализирање на државните пари во партиските кеси, соопштија од „Левица“.

Претходна вестСДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата
Следна вестСрпските локомотиви пристигнаа во Македонија