Левица: Распродажбата на ХЕЦ Чебрен и Тиквеш е штетна како продажбата на ОКТА, Македонија го отстапува ХЕЦ Тиквеш

Распродажбата на ХЕЦ Чебрен и Тиквеш е штетна како продажбата на ОКТА, тврдат од политичката партија Левица. Македонија тоа што нема да даде пари за изградба, а својот удел во инвестицијата ќе го плати со отстапување на уште едно енергетско богатство – ХЕЦ Тиквеш.

– За најважниот енергетски проект во државата, хидроцентралата Чебрен, која ќе ја гради грчкиот инвеститор ,,Архиродон”, Македонија нема да даде пари за изградба, а својот удел во инвестицијата ќе го “плати” со отстапување на уште едно енергетско богатство – ХЕЦ Тиквеш. Ваквата скандалозна одлука ја соопшти министерката Каја Шукова, со што двете хидроелектрани ќе бидат дадени под концесија на инвеститорот и истите се оттуѓуваат од правото државата да располага со нив!

По изградбата, државата ќе располага со 33% од влогот, а 67% му останува на концесионерот. Катастрофалниот договор е склучен на начин како и договорот со ОКТА со Хеленик Петролеум, по принципот „отуѓи, па цел живот плаќај“. Со овој ШТЕТЕН договор, грчката компанија ќе располага со двете хидроелектрани и природно богатство, а народот во наредните 60 години, колку што е договорот за концесија, ќе продолжи да ја плаќа струјата на берза.

Ова претставува уште еден „бонбона“ бизнис на однародената власт која што ја распродава независноста на Македонија. Основен темел на независноста на една држава е стабилен електро-енергетски систем. Владата на Ковачевски, покрај распродажбата на националните и државните интереси, удри и по темелот на независноста на Македонија, електро-енергетскиот систем.

Јасно е дека оваа партија, која ја спроведе катастрофалната ПРИВАТИЗАЦИЈА при транзицијата, нема никаков државотворен капацитет – туку единствено е вазална на странскиот капитал и интереси. Историски докажано е дека секое владеење на СДС е ПОГУБНО за националните и економските интереси на Републиката и затоа ова квази левичарска партија на следните избори ќе ја доживее својата неминовна пасокизација, се вели во партиското соопштение на Левица.

Претходна вестБрзата помош во Тетово стасува да растовара и столчиња за казино!?
Следна вестМузеј на УЧК ќе се гради во Арачиново